Украинки продадоа разголени фотографии за 800.000 долари за помош на својот народ

Група Украинки дојдоа до идеја да им помогнат на војниците кои неуморно се борат против Русија продавајќи свои разголени фотографии и веќе собраа вртоглава сума на пари.

Украинката Настасија Наско го почна проектот TerOnlyFans каде група луѓе, главно жени, доброволно се пријавија да соберат пари за украинските војници. За три месеци, тие собраа близу 800.000 долари.

Идејата беше поттикната само неколку дена по руската инвазија која започна на 24 февруари и сега влезе во четвртиот месец. Настасија на својот Twitter молела за помош од познаничка кој сакала да побегне од Харков, а бидејќи никој не ѝ одговорил, таа потоа се пошегувала дека својата гола фотографија ќе ја испрати на оној кој ќе ѝ направи услуга.

За само пет минути од објавувањето, 23-годишната девојка добила дури 10 пораки од луѓе кои ѝ нудат помош.

Нејзина познаничка успеала безбедно да го напушти градот, а Настасија го одржала ветувањето. Тогаш таа сфатила дека може да продолжи да  го користи методот. Со помош на нејзината пријателка Анастасија Кучменко, таа ја лансираше платформата TerOnlyFans, каде што кратенката „ter“ означува Територијална одбрана.

Сајтот започнат на 8 март, односно Меѓународниот ден на жената, и покрај сличностите во името и навидум концептот, нема никаква врска со страницата за возрасни OnlyFans, тврдат креаторите. Оние кои учествуваат во собирање средства не добиваат никакви барања.

„Ние не исполнуваме сексуални фантазии, туку се обидуваме да собереме пари за војната“, објасни Настасија.

Во моментов брои 40 луѓе, од кои 10 се анонимни, а има и неколку мажи. Повеќето од нив се наоѓаат во Украина и волонтирале без претходно искуство со ваков тип на сајтови, но има и неколку кои претходно ја користеле страницата за возрасни.

Креаторите на страницата TerOnlyFans објаснија дека таа е дизајнирана така што нејзините членови немаат никаква врска со парите што пристигнуваат. Парите одат директно во украинската Територијална одбрана, додека дел од парите одат за организации за бегалци и засолништа за животни.

Моментално најголемата донација е онаа од 2.800 долари, а пристигнала во криптовалута.

Исто така, Настасија истакна дека донирале луѓе од целиот свет - Велика Британија, Франција, Холандија, а повеќето од нив доаѓаат од Украина.

Настасија живеела во Киев до почетокот на инвазијата, а потоа се преселила во Полска. Инаку, таа е родена во Белорусија, а истакна дека е горда на тоа што им помага на луѓето.

„Многу сум среќна затоа што можам да ги поддржам моите Украинци“, рече Наско, заклучувајќи дека тие немаат намера да престанат додека не заврши војната: „Ќе ставиме крај на ова кога Путин ќе умре, а Русија ќе престане со својата агресија“, рече таа.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Живот

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Read more

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе