Унгарија го елиминира олимпискиот шампион

Елиминацијата на олимпискиот шампион Данска е најголемото изненадување во досегашниот тек од 25 светско првенство во ракомет. Данците потклекнаа пред Унгарија, која одигра беспрекорен меч и славеше со 25:27. Четвртфинале избори и Шведска, која ја декласира Белорусија со 41:22.

Унгарците на овој Мундијал прават смена на генерациите, против Данска беа тотални аутсајдери, но одиграа беспрекорен меч, го имаа расположениот Миклер на голот, кој одбрани 15 удари и заслужено славеа против олимпискиот шампион со 27:25.

Унгарија водеше во најголемиот дел од натпреварот, имаше неколку пати и максимална предност од четири гола, во последните пет минути го одби налетот на противникот (23:23) и на крајот заслужено победи.

Покрај голманот Миклер кај Унгарците се истакна Лекаи ,кој постигна шест гола. Данска ја предводеше најефикасниот играч на мечот Микел Хансен со осум голови.

Унгарија во четврфиналето за противник ќе ја има Норвешка, која во саботата славеше против Македонија.

За разлика од Данците, другите скандинавци, Швеѓаните против Белорусија делуваа како казнена експедиција. На полувремето Шведска имаше 19:10, а на крајот 41:22.

Готфридсон со осум и Екберг со седум голови беа најефикасни во редовите на Шведска.

Противник на Шведска во четвртфиналето ќе биде Франција. 

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Ракомет

Штербик имал срцев удар

Read more

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Read more

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе