Ураганот Ирма ги претвори улиците на Флорида во плажи

Ураганот Ирма донесе големи проблеми, предизвикувајќи голема материјална штета и оставајќи зад себе жртви и хаос.

Околината на Нејплс, Флорида и островите Флорида Кијс претрпеа огромни штети, а без струја останаа околу 4 милиони луѓе. Силниот ураган една од улиците ја претвори во плажа.

Се работи за државниот пат А1А, кој поминува долж Атлантскиот океан, од плажата Фернандина па сѐ Ки Вест. Патот по ураганот изгледа како плажа, бидејќи е прекриен со песок.

Американските медиуми пишуваат дека на улицата имало околу 30 центиметри песок, кој го донеле силните ветрови во текот на викендот.

Веднаш по крајот на бурата, локалците се зафатиле со чистење на песокот, а на помош им пристапиле и општинските служби. Градските власти проценуваат дека патот ќе биде затворен неколку дена.

Ирма е вториот силен ураган што ја зафати територијата на САД во само неколку недели. Претходно, ураганот Харви предизвика поплави во Хјустон и уништи повеќе од милион автомобили.

реклама

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе