Ураганот Јан предизвика историска штета на државата Флорида

Рон ДеСантис, гувернерот на Флорида, ја опиша како историска штетата која ураганот Јан ја предизвика во јужната сојузна американска држава. Тој рече дека ќе бидат потребни години за државата да се опорави од ураганот.

ДеСантис на прес-конференција соопшти дека засега има сомнежи оти две лица станале жртви на стихијата. Тој рече дека ураганот го променил изгледот на голем дел од државата, а на некои места нивото на водата се зголемило за половина метар за неколку часа. – Никогаш не сме виделе вакви поплави, рече тој. Засега сѐ уште е рано да се процени штетата, наведуваат американските медиуми.

Ураганот вчера попладне по локално време ја погоди државата Флорида како бура од четврта категорија. Тој го погоди копното во југозападниот дел на државата пред да продолжи да напредува кон исток. Потоа ослабе до тропска бура.

Утрово повеќе од 2,6 милиони домови и деловни објекти на Флорида се без струја од вкупно 11 милиони.

Американскиот претседател Џо Бајден прогласи состојба на значајна природна катастрофа за државата, овозможувајќи да се деблокираат дополнителни федерални средства за погодените области.

Форт Мајерс, Кејп Корал, Пунта Горда, островите во окрузите Ли, Шарлот и Колиер се тешко погодени. Во централно-источниот дел на државата поплавите, исто така беа катастрофални.

Бурата сега се движи кон Јужна Каролина, а потоа се очекува да се врати над океанот до крајот на денот. Според метеоролозите, Иан може повторно да зајакне.

На Куба, од каде ураганот помина пред да ја погоди Флорида предизвика прекин на електричната енергија во голем дел од земјата, пренесе ТАСС. Голем дел од главниот град Хавана остана без струја, а општинските работници продолжуваат да ги чистат улиците од паднатите дрвја.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе