Уште еден европратеник уапсен за земање мито од Катар

Втор пратеник во Европскиот парламент е уапсен како дел од кривична истрага за наводно подмитување, корупција и перење пари во Европскиот парламент, пишува The Guardian. Станува збор за скандал во кој политичари од Европскиот парламент добивале пари од владите на Катар и Мароко.

Марк Тарабела (59) од Белгија бил приведен на сослушување откако полицијата околу шест часот утринава пристигнала во неговиот дом, пишува белгискиот печат. Тарабела претходно се изјасни за невин.

Во соопштението на белгискиот сојузен обвинител се наведува дека пратеникот во Европскиот парламент идентификуван како М.Т. бил уапсен за распит и дека наскоро би можел да се појави пред истражен судија. Се вели дека полицијата го пребарала неговиот сеф во градот Лиеж, како и неколку канцеларии во градското собрание на Антис, мала област во источна Белгија каде Тарабела е градоначалник речиси 30 години.

Тој е вториот европратеник кој е приведен поради истрага за наводни плаќања во готовина за влијание од владите на Катар и Мароко. Во декември, поранешната потпретседателка на Европскиот парламент, Ева Каили, беше уапсена за време на серија рации во кои полицијата конфискуваше готовина во вкупна вредност од речиси 1,5 милиони евра.

За што е осомничен Белгиецот?

Минатиот месец беше претресен домот на Тарабела во Брисел, а минатата недела Европскиот парламент му го укина имунитетот на барање на белгискиот федерален обвинител. Инспекторите го сомничат дека примил готовински плаќања од 120.000 до 140.000 евра за да лобира за трета земја, се вели во извештајот составен од комисијата за правни прашања на Европскиот парламент.

Инспекторите веруваат дека тој е близок соработник на Пјер Антонио Панцери, поранешен италијански европратеник за кој се верува дека е на чело на корупциска мрежа. Панцери неодамна склучи договор за признавање вина со обвинителите во кој се согласи да обезбеди информации во замена за намалена затворска казна.

Панцери и Каили беа уапсени во декември заедно со поранешниот помошник на Панцери, Франческо Џорџи и шефот на невладината организација со седиште во Брисел, Николо Фига-Таламанка. Сите четворица се задржани во истражен затвор. Каили и Фига-Таламанка негираа вина, додека адвокатот на Џорџи одби да коментира.

Тарабела е член на Европскиот парламент од 2004 година, со двегодишна пауза помеѓу 2007 и 2009 година кога беше министер во регионалната влада на Валонија, источниот франкофонски дел на Белгија. Тој беше член на делегацијата на Европскиот парламент за односи со Арапскиот Полуостров, во кој е вклучен и Катар. По избивањето на скандалот, тој поднесе оставка од таа функција и се откажа од членството во клубот на социјалистите и демократите во парламентот.

Еден месец пред избивањето на скандалот, Тарабела учествуваше на дебата во парламентарниот поткомитет за човекови права за Катар и Светското првенство.

Тарабела, кој не беше член на таа комисија, ги критикуваше колегите европратеници кои го привлекоа вниманието на смртта на работниците мигранти кои градеа инфраструктура за Светското првенство во Катар. Тој ги обвини дека ги засноваат своите критики на застарени информации и тврдеше дека ниту Кина ниту Русија не се соочиле со такви проблеми кога биле домаќини на меѓународни спортски настани.

„Ние го немавме сето ова кога зборувавме за Сочи или Пекинг. Вие всушност не го почитувате патот на Катар“, рече тој кога ги повика европратениците.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе