Уставните судии одлучија: Привремено нема да има графа за етничка припадност во изводите

Упатството на министерот за правда Кренар Лога, со кое вметна графа за етничка припадност во изводите, привремено нема да важи. Ова е одлуката донесена од уставните судии донесена со 5 гласа „за“ и 2 „против“.

Расправата траеше повеќе од еден и пол час, а ја следеше Лога од публика.

Одлучија постапката за упатството да продолжи, а до конечна одлука да има привремена мерка за упатството да не се применува. Глас „против“ постапката да продолжи имаше од Насер Ајдари и од Фатмир Скендер.

По ваквата одлука, Лога рече дека „Уставниот суд ја отвори Пандорина кутија, во многу наврати не бил почитуван уставниот рок за објавување на подзаконски акти во Службен весник, а не за вметнување на графа за етничка припадност“.

Главната теза за поведување постапка е пречекорување на рокот за потпишување – од потпишување до објава во Службен весник.

Упатството на Лога предизвика бурни реакции во јавноста, која се сомневаше дека министерот, заобиколувајќи ги законите, носи одлука, која е противуставна.

По упатството, бугарски пропагандни организации бараа од Македонците да извадат извади во кои во графата етничка припадност ќе стои дека се Бугари за полесно да дојдат до бугарски пасош.

Поранешната министерка за правда, Рената Дескоска, инаку професорка по уставно право, оцени дека одлуката на Уставниот суд да го преиспитува новото упатство за матични книги, во кое има графа за националност, е добра вест.

Според неа, новото упатство треба да се поништи. Таа наведува дека сензитивните податоци за етничката припадност, религијата, политичката припадност и сексуалната ориентација не смее да се најдат во документ, туку само во матичната книга затоа што Македонија е потписник на неколку меѓународни документи за заштита на податоците.

„Етничката припадност спаѓа во групата сензитивни податоци, кои подлежат на посебна заштита во согласност со правилата за заштита на личните податоци. Други такви податоци се за религиозна припадност, политичка определба, здравствена состојба, сексуална ориентација и сл. Нашата држава е потписник на Конвенцијата за заштита на лицата во однос на автоматската обработка на личните податоци, а јас лично во декември 2019 го потпишав и протоколот за нејзина измена, со кој дополнително се зајакнува заштитата на овие чувствителни податоци. Тој протокол е ратификуван во Собранието во јуни 2021 и е задолжителен за нас“, напиша Дескоска.

Постапката за упатството продолжува во Уставниот суд.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе