Усвоена Програмата за задолжителна имунизација на населението во 2021 година

Владата на денешната 38. седница ја прифати Предлог-програмата на Министерството за здравство за задолжителна имунизација на населението во Северна Македонија за 2021 година во која е содржан план за обезбедување на годишни потреби на вакцини за задолжителна имунизација и вакцини по епидемиолошки индикациии.

– Во програмата се опфатени возрасните групи подложни за пoeдини вакцинации, видот на вакцини кои се даваат и начинот на давање, календарот за имунизација на деца од 0 до 18 години и Календарот за catch-up имунизација за нередовно вакцинираните деца од 5 до 18 година, сопшти владината Прес-служба.

Во соопштението се спосочува дека вкупно одобрените финансиски средства за оваа програма изнесуваат 805 милиони денари од кои 415 милиони денари се наменети за обезбедување на потребните количества вакцини за континуирана вакцинација, минимум потребни резервни дози на вакцини и имуноглобулини по епидемиолошки индикации, а 390 милиони денари за набавка на COVID-19 вакцини.

На седницата Владата донесе и Одлука за спојување на јавните здравствени установи Здравствен дом Прилеп и Општа болница Прилеп во Јавна здравствена установа Општа болница со проширена дејност – Прилеп.

– Со спојувањето на овие две здравствени установи сите здравствени услуги кои во моментот се пружаат во две здравствени установи сега ќе се добиваат во една со што им се олеснува правото на пациентите да добиваат квалитетни услуги на едно место, без да бидат оптоварувани со дополнителни административни процедури за упатување од една во друга установа. Со спојувањето се намалуваат трошоците во административните процедури и се надополнува кадарот што недостасува, пред се медицински персонал во установите, а воедно со спојувањето се овозможува порационално искористување на буџетот, намалување на долгот, а со тоа и поефикасно работење, како и спојување на возниот парк, што ќе значи и надминување на досегашните проблеми со транспорт на пациенти, со посебен акцент на транспортот на пациенти со возило на итната медицинска помош, се додава во соопштението од владината седница.

реклама

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Read more

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Read more

Аларм во автомобилот што не треба да се игнорира

Read more

Се запали Boeing 737 полн со патници

Read more

Македонија

Џафери: Со мирна совест можам да кажам дека тоа што го најавив пред 100 дена, го спроведов

Read more

Герасимовски: Лицата со попреченост ќе може да користат бесплатен превоз до болница

Read more

Стефковски: Скопје да се врати на скопјани, а Данела Арсовска да поднесе оставка

Read more

Апасиев: Уште поборбено одиме да создадеме пофер, поправично и порамноправно општество за нашиот народ

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Џафери: Со мирна совест можам да кажам дека тоа што го најавив пред 100 дена, го спроведов

Читај повеќе

Герасимовски: Лицата со попреченост ќе може да користат бесплатен превоз до болница

Читај повеќе

Стефковски: Скопје да се врати на скопјани, а Данела Арсовска да поднесе оставка

Читај повеќе

Денови на култура во Општина Илинден: 25-та Литературна манифестација

Читај повеќе

Апасиев: Уште поборбено одиме да создадеме пофер, поправично и порамноправно општество за нашиот народ

Читај повеќе

Зеленски ѝ ја честиташе победата на Гордана Силјановска-Давкова

Читај повеќе

Падна дрво во населбата Автокоманда

Читај повеќе

Без струја, делови од Зелениково и Чучер Сандево

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе