Утре музички собир под мотото Сите за МКЦ

В недела од пладне до 16 часот ќе одржи еден вид на протест со настап на повеќе музички изведувачи како израз на незадоволството од локалните политики кон скопскиот Младински културен центар.

СИТЕ ЗА МКЦ! [МУЗИЧКИ СОБИР ВО ОДБРАНА НА МКЦ]

МКЦ ПЛАТО, 22.01, НЕДЕЛА
12:00-16:00

[Собир за сите ентузијасти и љубители на независната култура, заедно да го изјавиме нашето незадоволство!]

ОВА НЕ Е САМО УШТЕ ЕДНА СВИРКА!

Запрашајте се: дали сте биле во последниве 50 години на свирка, изложба, театарска претстава, поетско читање, промоција на книга, проекција на филм, или на било каков настан во МКЦ? Дали сте си поминале убаво? Ако да, знаете за што се бориме.

БОРБАТА Е...

Борбата е за квалитетни услови на уметничка креација која не спаѓа во ексклузивно популарната сфера, за градските институции да не си играат со уметниците и оние кои го овозможуваат нејзиниот процут, бидејќи инаку ќе згасне младата уметничка експресија.

Се бориме за сите оние фестивали и концерти во МКЦ кои се случиле во последниве 50 години и сите оние кои сакаме да се случуваат во иднината.

Се бориме за сите спомени (остварени и сѐ уште неостварени), за минатото и за иднината.

СРАМОТА Е!

Срамота е да се скрати буџетот на МКЦ за 92%!

Срамота е форсираното политизирање на една од најлегитимните и најработливите културни установи во Македонија.

Срамота е постојаниот обид за угнетување на оние кои уживаат во правење и восприемање на уметност различна од популарната, посебно на младите кои се борат за трошките.

МКЦ Е ЗА СИТЕ!

МКЦ е она што нè држи живи.

МКЦ не го заслужува ова, не заслужува еден ваков ветеран да биде изеден од забот на времето и алчноста.

МКЦ Е ПОВЕЌЕ КУЛТУРА ОД СИТЕ КВАЗИ КУЛТУРИ КОИ СЕ ПОНУДЕНИ НА ГРАЃАНИТЕ.

МКЦ не е само Скопје, МКЦ е Македонија, МКЦ е Европа, МКЦ е млади и стари.

МКЦ е светилник на нашата култура.

ЌЕ НАСТАПУВААТ:

S.A.M
Cut Your Nipple
Lufthansa
Дина Јашари
Новиот Почеток
Shock Troopers
Yöu
Хајка
Dope Kukjata
(и други...)

Нема да дозволиме да ни го земете, наше е!!! #СитеЗаМКЦ #SiteZaMKC #НеГоЧепкајтеМКЦ

Тагови
реклама

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе