На 3 ноември (петок) во Младинскиот културен центар во Скопје ќе се одржи третото издание на фестивалот Музички блок.
Станува збор за настан од мрежата LiveEurope, првата паневропска иницијатива која ги поддржува напорите на концертните сали во промоцијата на надоаѓачки европски артисти. LiveEurope е мрежа кофинансирана од програмата на Креативна Европа.
Билетите по багателна цена од 300 ценари можат да се набават на билетарницата во МКЦ, но и онлајн на www.bileti.mkc.mk. Фестивалот почнува од 20 часот.
Ќе настапат 6 различни бендови од кои дури 5 странски.
„LELEE“ (Словенија) - јадрански инди рок бенд.
„proto tip“ (Србија) - нојз рок/пост панк телеграма од Белград.
„Idem“ (Хрватска) - кантавтор, мултинструменталист, букер, менаџер, фестивалски организатор, дискограф: сѐ на сѐ, „добриот дух“ на актуелната загрепска сцена.
„CLOUDSURFERS“ (Холандија) – мутаген од гаражен панк, пост гранџ и психоделичен рокенрол.
„Xarakiri“ (Македонија) – лудо алтернативно дуо-трио, основано 2022 во Скопје.
„The Silence Inside“ (Бугарија) – електронска музика од Софија.
Програмата е дел од Скопје 2028: Европска престолнина на културата.
За сите информации, евентуални промени и распоред на бендови следете го настанот на Facebook.