Вака ќе изгледаат во пракса протоколите за присуство во училиште

Министерството за образование и наука со поддршка на УНИЦЕФ и УСАИД изработи видео во кое се прикажани протоколите кон кои ќе треба да се придржуваат учениците, наставниците и родителите со враќањето на децата во училниците од први октомври годинава.

Видеото е веќе достапно на официјалните Facebook профили на МОН, на министерката за образование и наука Мила Царовска и на Facebook профилите на УНИЦЕФ и УСАИД.

– Оваа учебна година е поразлична од другите, бидејќи наставата ќе се одвива под посебни услови, но доколку сите се придржуваме до пропишаните протоколи лесно ќе се заштитиме од ширењето на вирусот. Придржувањето на протоколите ќе биде особено важно за децата на помала возраст од прво до трето одделение коишто ќе следат настава со физичко присуство, затоа е многу значајно на едноставен начин, чекор по чекор да им објасниме како ќе изгледа еден училиштен ден, велат од МОН.

Според протоколите на секое дете ќе му се мери температура при влез во училиштето, а децата ќе треба да држат растојание од најмалку 1,5 метар и да носат маски на лицето за време на целиот престој во училиштето, освен за време на оброкот и активностите на отворено. Предвидено е и почесто миење на рацете и проветрување на училниците.

– Заштитата од ширењето на COVID-19 е заедничка одговорност на родителите, наставниците, учениците и на останатиот персонал, односно на сите нас. Само со придржување на протоколите сите заеднички ќе допринесеме да се заштитиме себе, нашите најблиски и целото јавно здравје, посочуваат од МОН.

Како ќе изгледа враќањето на училиште?

Како ќе изгледа враќањето на училиште? #БезбедниНаУчилиште

Posted by Мила Царовска on Saturday, September 19, 2020

 

Протоколите се достапни на ОВОЈ ЛИНК.

реклама

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Министерот Филипче се сретна со сопствениците на три приватни болници

Read more
Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Read more

Динамо останува без тренер, потврдена затворската казна за Мамиќ

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе