Ванковска: Санкциите кон Русија најскапо ги платија ресенчани

На вчерашниот собир во Ресен, кандидатот за претседател од Левица, Билјана Ванковска, се осврна на проблемот со откупот на земјоделските производи.

,,Примарно, не можеме ние како коцкари да го ставаме целиот влог на една карта! Се поставува прашањето: ако досега јаболкате одеа масовно во Русија, на која ѝ поставивме санкции, каде се сега нашите западни сојузници?

Можеа нашите западни 'пријатели' да помогнат со пласманот, или пак да не противречат кога си бараме самите чаре на другите страни од светот! Мора самите да си ја креираме политиката на пласман инаку овошките ќе овенат, луѓето ќе си заминат, а ние како држава ќе ги изгубиме перспективите!“, рече таа.

Носителот на листа во ИЕ5, Јована Мојсоска, изјави дека на овие избори Левица ќе настапи со автентична Програма од преку 1.000 мерки, со програма која е радикална, затоа што радикални се условите во кои живееме. Левица на овие избори настапува со сите оние предлози кои ги поднесе во Собранието, а власта на СДС и ДУИ ги одби.

„Иако СДС ветуваше гарантиран откуп за земјоделските производи, токму Левица поднесе предлог-закон за гарантиран откуп, кој СДС го одби“, рееч Мојсоска.

Левица поднесе и предлог-закон за платено здравствено осигурување на жените-земјоделки, „затоа што нечовечно е во XXI век жените да немаат здравствено осигурување, но партиите на власт немаат интерес да го заштитат трудот на оние кои ја хранат државата“, додаде таа.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе