ПРЕМИЕР ЛИГА 2023/2024

ВАР судиите кои го оштетија Ливерпул добија само два дена казна

Англиските судии Дарен Ингланд и Ден Кук, кои беа ВАР судии на натпреварот од Премиер лигата меѓу Тотенхем и Ливерпул, ја дознаа казната за грабежот што му го направија на гостинскиот тим.

Ингланд и Кук му поништија чист гол на Ливерпул во 34. минута при резултат 0:0.

Мохамед Салах фантастично го проигра Луис Диас, кој излезе сам пред Гиљермо Викарио и постигна гол, но помошниот судија потоа го подигна знаменцето и означи офсајд. Главниот судија Сајмон Хупер по само 40 секунди разговор со колегите во ВАР му досуди офсајд на напаѓачот на Ливерпул и му го поништи голот, иако и со голо око беше очигледно дека нема офсајд.

Грешката настана затоа што во ВАР собата мислеле дека голот е признат на теренот, а по проверката утврдиле дека нема офсајд и го известиле судијата дека „ја донел вистинската одлука“ по што тој автоматски останал на својата одлука што претходно ја донел, односно дека има офсајд.

На крајот Ливерпул беше поразен со 2:1, а Ингланд и Кук добија суспензија од два дена поради пропустот, што може „Црвените“ да ги чини титула.

Судиската организација на Премиер лигата (ПГМОЛ) соопшти дека Ингланд и Кук се отстранети од делегирањето за натпреварите Нотингем Форест - Брентфорд, кој се одиграа синоќа, и Фулам - Челси кои играат вечерва.

реклама

Дали на Сенегал ќе му биде одземен трофејот, а на Мароко ќе му биде доделена победа од 3:0?

Read more

4 најсреќни хороскопски знаци за време на владеењето на Водолија

Read more

Утре снежни врнежи, наместа снежната покривка ќе се зголеми и до 25 сантиметри

Read more

Сончева бура каква што не е забележана 20 години ја погоди Земјата

Read more

Фудбал

Пеп ги прекрши сопствените правила во Норвешка: Ситуацијата овде е поинаква

Read more

ЛШ завршница: Дерби на Меаца, Реал и Сити бркаат влез во топ 8

Read more

Дали на Сенегал ќе му биде одземен трофејот, а на Мароко ќе му биде доделена победа од 3:0?

Read more

Дали Диас намерно го промаши пеналот во финалето од Африканскиот куп на нации?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ракометарите ја победија Романија, но само со еден гол разлика

Читај повеќе
  • play_arrow

Пеп ги прекрши сопствените правила во Норвешка: Ситуацијата овде е поинаква

Читај повеќе
  • play_arrow

Најлоши можни вести: Заврши сезоната за Џими Батлер

Читај повеќе

Македонија мора да ја победи Романија, потоа ќе навива за Данска

Читај повеќе
  • play_arrow

ЛШ завршница: Дерби на Меаца, Реал и Сити бркаат влез во топ 8

Читај повеќе

Дали на Сенегал ќе му биде одземен трофејот, а на Мароко ќе му биде доделена победа од 3:0?

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали Диас намерно го промаши пеналот во финалето од Африканскиот куп на нации?

Читај повеќе
  • play_arrow

Финалето на Африканскиот куп имаше и трето полувреме

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ се врати на теренот и ги предводеше Лејкерс до победа

Читај повеќе