Вардар директно во групите за Лигата на шампионите

Виена, 13 јуни 2019 (МИА) – Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави имињата на 21 екипи кои добија директно место во групите од ЕХФ Лигата на шампионите за сезоната 2019/2020. На таа листа се најде и македонскиот шампион Вардар, кој е и актуелен европски првак.

„Црвено-црните” ќе играа во А или Б групата, кои според квалитетот се најсилни. На 27 јуни ќе биде извршена ждрепката кога ќе бидат и познати нашите ривали.

Според пропозициите на ЕХФ, на секоја земја и следува право на едно место во ЛШ за кое сепак националната федерација треба да се пријави. Доколку некој клуб сака да игра во групите од ЛШ, а не е првак тоа може да го стори со пријавување преку сопствената федерација. Потоа ЕХФ разгледувајќи осум други критериуми решава дали и тој клуб може да биде вклучен.

Од бројот на пријавени клубови потоа се одредува дали ќе има потреба од квалификации.

Останува истиот систем на натпреварување, со две групи со по 8 екипи, и плус уште две групи со по 6 екипи.

Дополнително место во ЛШ од Северна Македонија ќе бараат и Еурофарм Работник и Металург.

реклама

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Read more

Ракомет

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Read more

Штербик имал срцев удар

Read more

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Read more

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more
 

Спорт

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе