Ракометарите на Вардар, денеска (19:30), ќе го одиграат првиот меч во Лигата на шампионите оваа година. По паузата поради Европското првенство, македонскиот шампион ќе гостува во Германија кај Рајн Некар Ловен.
Вардар со преполовен тим ќе му се спротивстави на лидерот во германската Бундеслига, кој според најавите на овој меч ќе настапи без Грецки. Од друга страна во тимот на Вардар ќе ги нема Стоилов и Манасков, кои се суспендирани, Карачиќ и Деревен се повредени, а Лацковиќ го напушти клубот.
„Црвено-црните“, славеа во првиот меч сезонава (25:19), а исто така имаат две победи во дуелите со германскиот тим во минатата сезона (28:25 и 35:28).