2.МФЛ ИСТОК И ЗАПАД 2021/22

Вардар со реми во Дебар дебитираше во Втората лига

Филип Здравески
/ 25.08.2021 / 18:59

Младиот состав на најголемиот македонски фудбалски клуб одигра без голови против домашниот Кораби со што беше означен старт на новата сезона во Втората лига.

Фото: ФК Кораби Дебар

Откако првото полувреме заврши со најнепопуларниот резултат, Вардар се соочи со голем проблем кратко по почетокот на вториот дел. Имено, Филип Ѓорѓиевски поради втор жолт картон мораше да ја напушти играта оставајќи го некогашниот гигант со десетмина на теренот. И покрај играчката предност домашните фудбалери не успеаја да го најдат патот до мрежата на Филип Илиќ, па натпреварот заврши со истиот резултат со кој и почна.

Силекс немаше проблеми на гостувањето кај Кадино славејќи со убедливи 3:0. Охрид го преслуша дебитантот Беса од гостиварското село Добри Дол, Тетекс запиша три бода против Велешта, а другиот дебитант, Воска Спорт, го изненади и понижи Гостивар на негов терен. Гостите сите голови ги постигнаа во вториот дел откако домаќините останаа со играч помалку.

Резултати од групата Запад:
Кадино - Силекс 0:3
Охрид Лихнидос - Беса 1976 4:1
Тетекс - Велешта 2:1
Гостивар - Воска Спорт 0:4
Кораби - Вардар 0:0

Во источната група фаворитот за експресно враќање во елитата, струмичка Беласица, почна со победа во Радовиш. Победија и Победа, Кожуф, Саса и виничка Слога.

Резултати од групата Исток:
Слога 1934 - Братство 07 1:0
Осогово - Саса 1:4
Локомотива - Кожуф 0:2
Победа - Кит-Го 2:1
Детонит - Беласица 0:2

Наредното 2. коло е на програмата в недела од 16 часот.

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Фудбал

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Read more

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more
 

Спорт

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе