Вархеји сака договор во јуни, Петков со три барања кон Скопје

Сакам да појаснам дека Бугарија има три јасни барања по прашањето на Pепублика Cеверна Mакедонија, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков.

„Почитување на рамковната позиција што ја усвои бугарскиот Парламент, вклучување на Бугарите во Уставот на Северна Македонија за да се заштитат нивните права, и трето, да се спроведе Договорот за добрососедство“, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков по средбата со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. „Едноставно и јасно. Тоа беа нашите разговори со еврокомесарот, и претходно и сега, за што му благодарам“, рече Петков.

Тој ги негира обвинувањата дека неговата влада води две надворешни политики.

„Тврдењата дека Бугарија има две надворешни политики се невистинити. Кога некој прави еднострани лажни вести или се обидува да жнее политички дивиденди на оваа тема, нека застане со човекот што му го кажал тоа, како што стојам сега со Вархеји и нека каже што точно мислел. И порано и сега тоа се трите услови на Бугарија за РСМ“, рече Петков.

Вархеји, пак, оцени дека сè уште нема решение за спорот и оти тоа е многу фрустрирачко за ЕУ, бидејќи не може да продолжи пристапниот процес.

„Сè уште ја чекам поддршката од Бугарија и на тоа работиме со сите овие разговори што ги водев овде во Софија, а редовно и во Скопје, конечно да се разјасни и зајакне европската перспектива за Република Северна Македонија. Би сакале да видиме договорот да биде постигнат во јуни, затоа утрово се среќавам со премиерот и со министерот за надворешни работи, а ќе се сретнам и со претседателот“, додаде Вархеји. 

реклама

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Регион

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Read more

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Read more
 

Вести

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе