УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2019/20

Вечер и утре продолжува Лигата на шампионите

Со по два натпревара денеска и утре конечно ќе продолжат возбудувањата и во најквалитетно европско клупско натпреварување.

Вечерва од 21 часот Торино и Манчестер ќе бидат градовите на Стариот континент каде фудбалските вљубеници ќе го насочат своето внимание.

На „Алијанц“ стадионот во Торино, пред празни трибини, Јувентус ќе се обиде да ја надомести негативата од еден гол од првиот натпревар против Лион кој се одигра уште на крајот на февруари. Тогаш Французите изненадија и со голот на Лукас Тузар ја совладаа „Старата дама“. Со оглед на тоа што Лиг 1 не продолжи, играчите на Лион во овој натпревар влегуваат далеку поодморени бидејќи покрај пријателските натпревари одиграа само еден официјален, финалето во Лига Купот кое го загубија од ПСЖ пред една недела. За разлика од нив, Јувентус константно играше среда-недела уште од јуни. Натпреварот ќе го суди Германецот Феликс Цвајер.

Во Манчестер, на „Итихад“ стадионот, Реал Мадрид му гостува на Манчестер Сити во обид да го обели образот по поразот на домаше терен од 1:2. Доколку „Кралевите“ сакаат да го продолжат походот кон титулата, ќе мора да го надмудрат тимот на Пеп Гуардиола, а тоа ќе треба да го направат без капитенот Серхио Рамос кој мора да одлежи суспензија поради црвениот картон кој го доби на 4 минути пред крајот на нивната пресметка во Мадрид. Натпреварот ќе го суди Германецот Феликс Брих.

Рамос го добива црвениот картон

Утре на „Камп Ноу“ Џенаро Гатузо и Наполи ќе бркаат изненадување против моќната Барселона. Италијанците имаат 1:1 од Неапол, па гол во домашната мрежа им е императив. Хендикеп за Гатузо ќе биде отсуството на крилниот напаѓач Лоренцо Инсиње, како и на бекот Костас Манолас, двајцата повредени. И Кике Сетјен има проблеми со составот кој не само што е во лоша форма поради која ја загуби и титулата во Ла Лига, туку повредени се Серхио Бускец, Усман Дембеле и Самуел Умтити, а суспендиран е Артуро Видал. Натпреварот ќе го суди Турчинот Џунејт Чакр.

Веројатно натпреварот каде што не би требало да има незивесности е оној што се игра на празната „Алијанц Арена“ во Минхен. Баерн не само што има предност од високи 3:0 од првиот натпревар во Лондон, туку Челси во Баварија доаѓа десеткуван. Френк Лампард не може да смета на суспендираните Маркос Алонсо и пеналџијата Жоржињо, а повредени се Сесар Аспиликуета, Педро Родригес, Кристијан Пулишич и Рубен Лофтус-Чик. Натпреварот ќе го суди Романецот Овидиу Хацеган.

Во четвртфиналето место веќе имаат изборено Аталанта - ПСЖ и Лајпциг - Атлетико, двојки кои на 12 и 13 август ќе ги одиграат своите натпревари, а каде на 14-ти и 15-ти ќе им се придружат четирите победници од денес и утре.

реклама

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Министерот Филипче се сретна со сопствениците на три приватни болници

Read more
Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Read more

Динамо останува без тренер, потврдена затворската казна за Мамиќ

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе