УЕФА ЛИГА ЕВРОПА 2021/22

Вечерва финале во ЛЕ: Непобедениот Ајнтрахт или симпатичниот Ренџерс

Филип Здравески
/ 18.05.2022 / 13:01

Денеска со почеток во 21 часот се игра првото од серијата три европски финалиња, она на „Санчес Писхуан“ во Севиља каде Ајнтрахт од Франкфурт и Ренџерс од Глазгов ќе го дадат победникот во Лига Европа.

Ајнтрахт (Германија)

Историја

Дури 42 години некогашниот гигант од Франкфурт чека на европски пехар. Таа 1980 година го освоија токму ова натпреварување, тогаш под името УЕФА куп, кога во финалето беа подобри од Борусија од Менхенгладбах благодарение на правилото гол на гости. Тогаш финалето се играше во два натпревара дома и гости, а Ајнтрахт загуби со 3:2 во Менхенгладбах за потоа да победи со 1:0 во Франкфурт.

Ајнтрахт има титула и во поранешниот Интертото куп од 1967, а има и едно финале во Купот на шампионите (денес Лига на шампиони) од 1960 година кога загуби од Реал Мадрид.

Последниве сезони некако многу ѝ фрли око на Лига Европа. Пред три години беше на чекор од финалето кога на пенали беше елиминиран од Челси откако двата полуфинални натпревари завршија 1:1. „Сините“ потоа станаа шампиони. Наредната 2019/20 сезона дојде до осминафиналето каде изненадувачки потклекна пред швајцарски Базел.

Пат до финале

Сезонава стигнаа до финалето без да загубат ниту еден натпревар почнувајќи од фазата по групи. Од вкупно 12 натпревари победија на 7, а на 5 одиграа нерешено против противници како Фенербахче, Антверп, Олимпиакос, Бетис, Барселона и Вест Хем.

Клучен играч

Велат дека клучна фигура во составот на тренерот Оливер Граснер е левокрилниот Србин Филип Костиќ, кого притивниците честопати сезонава го чуваа со двајца играчи, најчесто безуспешно. Неговите пробиви и нафрлувања по левата страна често завршуваа со асистенции, а не му е непознато ни постигнувањето на голови.

Дали знаевте?

Анјтрахт е само третот тим кој стигнува до финалето непобеден. Претходно истото им успеа само на Челси (2018/19) и лани на Виљареал. Двата на крајот го освојуваа пехарот.

Ренџерс (Шкотска)
Историја

Шкотскиот гигант во своите витрини има само еден европски пехар и тоа од далечната 1972 година кога го освои Купот на победници на купови кога во финалето беше подобар од московски Динамо со 3:2. Има дури 4 загубени финалиња од кои последното во УЕФА купот во 2008 година од Зенит со 2:0, а претходно во Суперкупот на УЕФА во 1972 (Ајакс) и две во Купот на победници на куповите во 1961 (Фиорентина) и 1967 (Баерн).

После банкроптот и тешките сезони, Ренџерс во фудбалска Европа се врати летото 2017 година кога доживеа бламажа уште во 1. квалификациско коло на Лига Европа губејќи од Прогрес Нидеркорн од Луксембург. Наредната сезона го видовме и во Скопје бидејќи во квалификациите играше со чаирски Шкупи, а потоа беше елиминиран во фазата по групи. Во 2019/20 стигна до осминафиналето, минатата сезона го повтори истиот успех, а годинава почна неуспешно во квалификациите за Лигата на шампионите па се шрефрли во Лига Европа каде еве стигна до фналето.

Пат до финале

За разлика од Ајнтрахт, Ренџерс е далеку од непоразен. Загуби дури 5 натпревари, или 7 ако ги рачунаме двата пораза од Малме во Лигата на шампионите. Противници сезонава во Лига Европа му беа Алашкерт, Лион, Спарта, Брондби, Борусија (Д), Црвена звезда, Брага и Лајпциг.

Клучен играч

Кај „Ренџерите“ клучен е играчот кој игра по десната страна, во случајов бек, а тоа е капитенот Џејмс Таверние. Во Европа е вистински талисман за тимот на тренерот Џовани ван Бронкхорст бидејќи постигна 7 голови и имаше 2 асистенции. Сите голови ги даде во нокаут фазата. Интересно, Таверние има повеќе голови постигнато на 14 натпревари во ЛЕ отколку на 31 во шкотската Премиер лига.

Дали знаевте?

Голманот Алан МекГрегор е апсолутен рекордер по бројот на одиграни европски натпревари за Ренџерс со дури 103. Има 40 години и... ќе го видите и вечерва на неговиот 104 натпревар.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе