Вечерва и утре го чекаме метеорскиот дожд на Геминидите

Геминидите се активни од 4 до 17 декември, додека максимумот ноќе е помеѓу 12/13 и 13/14 декември.

Метеорскиот рој Геминиди е еден од најбројните роеви во однос на бројот на метеори на час (зенитски просек на час - ЗПЧ). Иако бројот на метеори последниве години варира, секогаш ќе има доволно за набљудување.

Геминидите се активни од 4 до 17 декември (податоците може да варираат во зависност од изворот), додека максимумот ноќе е помеѓу 12/13 и 13/14 декември. Според starwalk.space, очекуваниот ЗПЧ е околу 150, но веројатно нема да видите повеќе од 50 метеори на час на темното небо, пишува блогот  Svemir. На небо со Месечината на 80%, таа бројка е уште помала.

Вообичаено е метеорскиот дожд да бидат остатоци од комета која го пресекла патот на Земјата и зад себе оставила ситни честички кои подоцна ќе се судрат со нејзината атмосфера и ќе изгорат во неа, оставајќи зад себе светла трага што ја гледаме. Сепак, ова станува збор за астероидот 3200 Phaethon, кој е откриен на 11 октомври 1983 година.

Радијантот на Геминидите е во истоименото соѕвездие Близнаци (Gemini) во близина на ѕвездата Кастор. Ова соѕвездие се појавува на источниот хоризонт деновиве околу 19 часот, но поволна позиција за набљудување ќе заземе дури после 20 часот. Радијант е точката на небото од која се чини дека се појавуваат метеори (означени со црвено на сликата). Сепак, реално е дека метеорите од еден рој можат да се појават каде било на небото.

Годинешниот дожд на Геминидите може да биде со многубројни метеори, но ќе ги видиме само најсветлите.

Доколку се одлучите да ги гледате Геминидите, освен топла облека ќе ви треба и темна локација каде светлосното загадување нема да ви прави уште поголеми проблеми во комбинација со Месечината.

Некогаш е потребно трпение за набљудување, бидејќи постои можност неколку минути да не видите ниту една ѕвезда што паѓа, а потоа за неколку секунди да се случи вистински порој.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе