Вечерва се чека Стара нова година - покрај Македонците слават и Шкотите, Берберите, Велшаните...

Православните христијани, чии цркви го користат Јулијанскиот календар, вечер ќе ја пречекаат Јулијанската Нова година, која почнува утре на празникот Василица. Но, празнуваат и други народи ширум светот кои се од друга религија.

Многу македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики, како Васил, Васко, Васе, Васка…, го слават својот именден. На семејната трпеза се крши погача со паричка, а се верува дека на оној што ќе му падне, годината ќе му биде среќна и бериќетна.

По повод православната Нова година и празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, утре во храмовите на Македонската православна црква ќе биде служена света Василиева литургија. Годинава со ограничено присуство на верници поради пандемијата со коронавирусот. Ќе изостанат и традиционалните маалски огнови.

Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од IV век. Родум бил од Цезареа во Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.

Покрај Македонската православна црква, според Јулијанскиот календар, верските празници ги слават и Руската и Српската црква, Ерусалимската патријаршија и монасите на Света Гора. За разлика од нив, по Грегоријанскиот календар се водат Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква.

Стара нова година или Hen Galan во Велс

Старата Нова година од разни причини се празнува и кај народите кои не се православни. Така, овој празник се слави во Курдистан, Палестина, Јордан, Узбекистан, Азербејџан, Казахстан, Швајцарија, Велс и Шкотска, а го празнуваат и Берберите кои живеат распослани низ земјите од Северна Африка. Во Алжир, каде Берберите се бројно малцинство, е прогласен за национален празник, но поради некои причини таму се слави ден порано, на 12-ти.

Берберите во Мароко денеска слават Yennayer или Стара нова година
реклама

УХМР издаде предупредување за невреме на ниво на цела држава

Read more

Од 21 јули Грција им наплаќа нова такса на туристите

Read more

Брнабиќ: 500.000 луѓе во земја со 3,5 милиони жители извикуваа „За дом, спремни“

Read more

Украина ноќеска со дронови ги нападна Москва и Санкт Петербург

Read more

Живот

Седум играчки кои можe да бидат опасни за вашето куче

Read more

Тајната на Медитеранот: Зошто Албанија треба да биде вашата следна дестинација за одмор

Read more

Што сè може да јадете на Сицилија за само 1 евро?

Read more

Од 21 јули Грција им наплаќа нова такса на туристите

Read more
 

Магазин

Докторка укажува на 6 симптоми дека ви недостига железо

Читај повеќе

Зошто се враќаме здебелени од летен одмор?

Читај повеќе

Чиста сметка, долга љубов: Како да буџетирате со партнерот?

Читај повеќе

Дали треба да го лупите зеленчукот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Хит намаз од краставица, одличен за со месо

Читај повеќе

Седум играчки кои можe да бидат опасни за вашето куче

Читај повеќе

Кардиолозите откриваат колку минути треба да пешачиме дневно за подобро здравје

Читај повеќе
  • filter

Во Европа се гради град од дрво: Проект од милијарда долари

Читај повеќе

Тајната на Медитеранот: Зошто Албанија треба да биде вашата следна дестинација за одмор

Читај повеќе