НХЛ ПЛЕЈ-ОФ 2022/2023

Вегас ја збриша Флорида за 2-0 во партии

Хокеарите на Вегас Голден Најтс ја совладаа Флорида Пантерс пред своите навивачи со убедливи 7:2 (2:0, 2:0, 3:2), со што во финалната серија поведоа од 2-0 и така дојдоа на две победи до шампионската титула.

Вториот финален дуел беше решен по две третини и водство на Вегас со 4:0. Во двата први периоди Вегас постигна по два гола, Џонатан Марчесол и Алек Мартинес во првиот период, а Николас Рој и Брет Хауден во вториот.

Во последната третина, кога неизвесноста на резултатот испари од мразот, и двата тима се распукаа. Во последните 20 минути беа постигнати дури пет гола, но втората победа на Вегас никогаш не беше доведена во прашање.

Хауден и Марчесол постигнаа по два гола за Вегас, при што вториот додаде една асистенција, додека Рој, Мартинес и Мајк Амадио постигнаа по еден за победничкиот тим. На другата страна стрелци беа Финецот Антон Лундел и Метју Ткачук.

При водство на Вегас од 4:0 на самиот крај од втората третина дојде со тепачка помеѓу неколкумина хокеари. Имено, Метју Ткачук му даде жесток бодичек на Џек Ајхел, по што беше нападнат од тројца играчи на домашниот тим. На крајот Ајхел поради болки во рамото го напушти мразот, Ткачук доби исклучување од вкупно 12 минути, исто толку доби и Русинот Иван Барбашев кој беше најжесток во тепачката, а по 2 минути заработија Алекс Пјетранџело и Густав Форслинг.

Remote video URL

Во следните два натпревараа домаќин е Флорида, а првиот меч е закажан за четврток во „еФеЛЕј Лајв“ арената во Санрајс. Натпреварот по македонско време се игра в петок рано утрината од 2:00 часот.

Потсетуваме, на првиот натпревар во неделата рано утрината Вегас победи со 5:2.

Двата се борат за својот прв Стенли куп, а Вегас Голден Најтс важи за фаворит откако овој тим заврши на првото место во Западната конференција на НХЛ, додека Флорида Пантерс едвај влезе во плеј-офот откако заврши осма на Истокот.

реклама

Останати спортови

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Read more

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Read more

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе