КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2026 КАНАДА/САД/МЕКСИКО

Венецуела го изненади Бразил, Аргентина минимално

Филип Здравески
/ 13.10.2023 / 10:51

Најголемото изненадување ноќеска го приреди репрезентацијата на Венецуела која успеа да остане непоразена на гостувањето кај апсолутниот фаворит Бразил.

Ноќеска се одигра 3. коло од јужноамериканските квалификации за пласман на Мундијалот 2026. Колото го отвори интересниот дуел на Колумбија и Уругвај кој заврши 2:2, иако домашните на двапати водеа со головите на Хамес Родригес и Матеус Урибе. Уругвајците во два наврата израмнуваа, прво преку Матиас Оливера, а потоа во судиското надополнување преку Дарвин Нуњес од белата точка. Во тие моменти Колумбија беше со играч помалку откако Камило Варгас собра два жолти.

Стадион „Метрополитано Роберто Мелендес“, Баранкиља
Колумбија - Уругвај 2:2
35' Хамес Родригес, 52' Матеус Урибе - 47' Матиас Оливера, 90'+1 Дарвин Нуњес

Еквадор забележа важна победа на незгодното гостување кај Боливија во Ла Пас, град со голема надморска височина. Гостите поведоа преку Кендри Паес во последната минута пред паузата, а се чинеше Боливија дека ќе дојде до бод кога Родриго Рамаљо израмни на 7 минути до крајот. Длабоко во судиското надополнување, во 6. минута, Кевин Родригес го замолкна „Ернандо Силес“ стадионот постигнувајќи победнички гол.

Стадион „Ернандо Силес“, Ла Пас
Боливија - Еквадор 1:2
83' Родриго Рамаљо - 45' Кендри Паес, 90'+6 Кевин Родригес

Актуелниот светски шампион Аргентина важеше за голем фаворит против Парагвај. Кога Отаменди по само три минути игра го отвори резултатот, 84-илјадната публика очекуваше голеада, но резултатот заглави на 1:0. Аргентинците упатија дури 17 удари кон голот на Карлос Коронел, но реализацијата беше на незадоволително ниво. Лео Меси почна од клупата и влезе во игра во 53. минута, а нападот од почетокот го предводеа Лаутаро Мартинес, Хулиан Алварес и Нико Гонсалес. Сепак, ги освоија планираните три бода.

Remote video URL

Стадион „Монументал“, Буенос Аирес
Аргентина - Парагвај 1:0
3' Николас Отаменди

Чиле ја запиша првата победа во овие квалификации откако во последните дваесетина минути успеа да го скрши отпорот на Перу. Диего Валдес го отвори резултатот, а играчот на Фејнорд, Маркос Лопес, со комичен автогол ја запечати победата на Чилеанците.

Стадион „Монументал Давид Арељано“, Сантјаго де Чиле
Чиле - Перу 2:0
74' Диего Валдес, 90'+1 (аг) Маркос Лопес

Последен стартуваше дуелот на гигантот Бразил против аутсајдерот Венецуела, единствената јужноамериканска репрезентација која никогаш не успеала да се пласира на Мундијал. Откако по првите 45 минути не успеаја да го скршат отпорот на гостите, Бразилците конечно погодија преку Габриел во 50-тата минута, на асистенција на Нејмар од корнер. Но, гостите приредија студен туш на пет минути пред крајот кога Едуард Бељо израмни со гол во бразилски стил. Бразил не успеа до последниот свиреж да постигне втор гол, па загуби планирани бодови против големиот аутсајдер, и тоа на домашен терен.

Remote video URL

Стадион „Арена Пантанал“, Кујаба
Бразил - Венецуела 1:1
50' Габриел - 85' Едуард Бељо

Табела:

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе