Вера Калин со „Бездомникот со златен часовник“ прогласена за најчитан автор во 2016

Младата писателка Вера Калин односно, Верче Карафилоска е најчитан автор во 2016, година, а признанието ѝ беше врачено во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во организација на манифестацијата „Ден на читателот“.

Нејзиниот прв роман „Бездомникот со златен часовник“ е најбараната книга во јавните библиотеки низ Македонија минатата година.

Вера Калин истакна дека ова не е нејзина прва награда, но дека ќе и биде една од најзначајните затоа што доаѓа од читателите, односно од оние за кои таа ја посветува својата литература. Рече дека пробивот во македонската книжевност и бил лесен затоа што верува во тоа што го прави.

„Кога влегов на книжевната сцена пред четири години со два мои расказа, се зборуваше за негативни искуства во издаваштвото во Македонија. Се зборуваше дека нема читатели, а дури и да ги има тоа не се читатели на македонски автори, а посебно ако авторот е млад ­ тогаш нема да биде сериозно сфатен. Решив да не ги следам сите тие туѓи приказни и, некако, многу лесно го поминав патот. Мојата издавачка куќа целосно ме поддржа и ми овозможи маркетинг и промоција досега невидени и е делумно заслужна што им помогна на сите тие читатели да станат свесни за моето дело. Понатаму се беше работа на читателите“, рече Калин, која наградата ја прими од Коста Петров, кој беше награден за најчитан автор во 2015 година.

Наградата се доделува седми пат и, покрај нив, нејзини досегашни добитници беа и: Венко Андоновски, Блаже Миневски, Игор Џамбазов, Винка Саздова и Марија Јаневска.

Директорот на НУБ Иван К. Заров истакна дека нивната библиотека вторпат ја организира манифестацијата „Ден на читателот“ на која, рече, на пиедестал се става читателот.

На Денот на читателот НУБ ги прогласи и наградените автори од првиот Конкурс за необјавена песна на тема „Книга, библиотека, читател, читање“. Од пристигнатите шеесетина песни, комисијата одлучи првата награда да ја добие Маја Мојсова за песната „Прелистување на душите“, второнаградена е Ана Јовчевска за „Млади поети“, а третата награда ја доби Билјана Димко за песната „Читател“.

На настанот беше претставен и првиот број на списанието „Издаваштво“ кое НУБ почна да го издава оваа година. Тоа ги опфаќа најрепрезентативните публикации, едиции, издавачки проекти и манифестации поврзани со книгата. Во план е да се појавува еднаш годишно.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Култура

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Read more

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more
 

Вести

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе