Верижен судир од 100 возила во Канада
На патиштата низ Торонто, Канада владее целосен хаос поради снегот и ниските температури. Пред два дена во земјата се случи верижен судир на повеќе од 100 возила, при температура од минус 26 степени. Според канадската полиција нема повредени, а оштетени се многу возила.