Второто дете на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, принцезата Шарлот, има 8 години, а светот веќе се восхитува на нејзината префинетост и однесување за време на јавните настани и церемонии.
Благодарение на вештачката интелигенција (ВИ), на Instagram се појавија фотографии и видеа кои покажуваат како би можела да изгледа убавата принцеза кога ќе порасне.
„Шарлот ќе личи на нејзината мајка, убава е“, „Денес, во реално време, ми личи на покојната кралица Елизабета“, „Убава е, но ве молам оставете ја да порасне во мир“, „Таа е совршена, комбинација од нејзината мајка и баба“, се дел од коментарите под објавата.
Патем, Шарлот влезе во историјата по раѓањето. Имено, таа е првата британска принцеза родена по укинувањето на машката првородност во кралското семејство во 2013 година. Тоа значи дека линијата на Шарлот за британската круна не може да биде загрозена од помлад брат. Да беше родена како прво дете на принцот Вилијам, таа ќе беше идната британска кралица без оглед на нејзините помлади браќа.
Убавата принцеза е трета по ред за британската круна, по нејзиниот татко Вилијам и постариот брат Џорџ.