Артуро Видал е на излезна врата од Баерн Минхен, бидејќи управата веќе нема трпение за неговите испади надвор од теренот. По победата над Мајнц, Видал се забавувал во дискотека до доцна вечерта.
Веднаш по победата над Мајнц со резултат 4:0, Артуро Видал отишол во дискотека и таму продолжил да се забавува до доцна вечерта.
Во дискотеката имало немири, и посетителите кршеле чаши и фрлале столчиња, но сопственикот на дискотеката вели дека Видал не учествувал во инцидентот.
Сепак, управата на Баерн Минхен нема веќе трпение за неговото неодговорно однесување надвор од терените, па може да се очекува дека Чилеанецот ќе биде продаден уште во јануари, а како најсериозен кандидат се смета тимот на Интер, кој оваа сезона импресионира со настапите во италијанската Серија А.
Богатите сопственици на Интер би можеле да си го дозволат Артуро Видал, а тој, впрочем, и игра на позицијата на која составот е „најтенок“.