Видови овошје што треба почесто да се консумираат при недостаток на железо

Ниското ниво на железо може да доведе до сериозни здравствени последици, како на пример срцева слабост. Затоа, многу е важно секој ден да го внесувате овој минерал во организмот, а во тоа можат да ви помогнат одредени видови овошје.

Замор, вртоглавица, забрзано чукање на срцето, депресија, опаѓање на косата и бледа коса се само некои од знаците за недостаток на железо во организмот. Ниско ниво на железо најчесто доживуваат жените за време на менструалниот циклус и трудниците, но не е исклучено и други луѓе да имаат недостаток на овој минерал.

Д-р Мет Енгоув од Optimize Iron вели дека овошјето генерално не е силен извор на железо, но дека има причини зошто треба да го додадеме во исхраната доколку имаме недостаток на железо.

Овошје со висока содржина на јаболкова киселина

Иако овошјето не се смета за значаен извор на железо, може да помогне кога се комбинира со друга храна богата со железо. Еден од видовите секако е овошјето со висока содржина на јаболкова киселина, а за такви најмногу се сметаат јагодите, кајсиите и црешите. Доктор Енгоув наведува дека овој вид на овошје значително го зголемува внесот на железо во цревните клетки.

Сушено овошје

Сушеното овошје како суво грозје и сливи се добар извор на железо кога станува збор за овошјето. Тие имаат поголем процент и подобра вкупна биорасположивост на железо во споредба со свежото овошје.

Агруми

Консумирањето овошје со лимонска киселина добро влијае и на зголемување на железото во организмот бидејќи помага во апсорпцијата на овој минерал. Покрај тоа, агрумите се многу добри за имунолошкиот систем.

Тагови
реклама

Здравје

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Read more

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Read more

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Read more
 

Магазин

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе