Вил Смит проговори за одлуката на Академијата откако му беше доделена забрана да учествува на Оскарите во следните 10 години.
„Ја прифаќам и почитувам одлуката на Академијата“, рече тој во кратката изјава за Page Six.
Одговорот на Смит дојде неколку минути откако Академијата за филмски уметности и науки објави дека му забранува да присуствува на сите настани на организацијата на 10 години поради шлаканицата врз Крис Рок на овогодинешните Оскари.
Академијата исто така упати неколку зборови до сите кои присуствуваа на инцидентот таа вечер.
„Би сакале да ја изразиме нашата длабока благодарност до г-дин Крис Рок што ја задржа својата смиреност во вонредни околности. Исто така, сакаме да им се заблагодариме на нашите домаќини, номинирани, водители и победници за нивното разбирање и грациозност за време на нашата телевизиска програма“, рекоа тие.
Смит ќе го задржи Оскарот што го доби оваа година за улогата во „King Richard“.