Вистина или заблуда: Дали пливањето по оброк може да доведе до давење?

Ручек или ужина на плажа е сосема нормална работа, но често во текот на летото може да слушнете дека по јадење треба да одморите малку, а не веднаш да пливате. Дали е тоа вистина?

Доктор Џим Кини, кој со години работи во брза помош во болница во Калифорнија, го даде одговорот на ова прашање, како и други корисни совети.

„Не постојат медицински докази кои укажуваат на тоа дека е неопходно да почекате најмалку 30 минути по јадење, пред да одите на пливање. Немало случаи, ниту докази кои сугерираат дека јадење непосредно пред пливање довело до тоа некој да се удави“, вели Кини.

Според него, ова е само мит кој се создал кога луѓето немале доволно знаење за тоа како всушност функционира човечкиот организам. Тогаш се сметало дека по јадење помалку кислород достигнува во рацете и нозете во текот на пливањето бидејќи стомакот е презафатен со варење на храната, што може да доведе до слабост и давење.

Јадење пред пливање, меѓутоа, може да биде опасно ако планирате да минете голема далечина или да пливате премногу брзо. Лесното, рекреативно пливање со пријатели по уживање во храна не претставува никаква опасност, но ако сте планирале нешто понапорно, подобро е да почекате малку.

„Ако по голем оброк следи напорно пливање тоа може да доведе до мачнина или повраќање“, објаснува Кими.

Препорачува да внесувате умерена количина намирници кои нема да го оптоварат вашиот организам.

До 70% од смртните случаи поврзани со рекреација во вода се случиле кога имало вклучено и алкохол. Затоа, воопшто не се препорачува консумирање алкохол додека сте на плажа или во базен, без разлика колку вешт пливач сте.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Здравје

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more
 

Магазин

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе