Вкупно 183 лица го прекршиле полицискиот час на тероторијата на цела држава од почетокот на 10 март оваа година, а најголемиот број со 75 прекршувања се во Скопје.
Мерката забрана за движење од почетокот на воведувањето досега, информираат за МИА од МВР, во Битола ја прекршиле 14 лица, во Велес 16, во Куманово 22, во Охрид 8 лица не го почитувале полицискиот час, додека во Струмица 15, Тетово 7 и во Штип 26 лица.
Полицискиот час во најголем број го прекршиле лица на возраст од 18 до 67 години.
За МИА од МВР информираат дека само седум лица на возраст до 18 години во Скопје го прекршиле полицискиот час и четворица во Штип.