Владеат со трансфер-пазарот: Како Јувентус се засилува без да потроши ни евро?

Уметноста на успешно работење на фудбалскиот трансфер-пазар е нешто што малку клубови го имаат усовршено. За секоја мудра зделка како Џанлуиџи Донарума (купен во Милан за 250.000 евра) постои огромно промашување како Енди Керол (купен во Ливерпул за 41 милион евра). Во последните години, Јувентус може да напише упатство за паметни трансфери, а ние ќе ви кажеме зошто.

Јувентус го допре дното во 2006 година, кога поради скандалот „Калчополи“ беше исфрлен од Серија А и мораше да помине една година во втората по ранг дивизија во Италија. Откако се врати во првата лига многу работи се променија, па „Старата дама“ се сврте кон различен пристап кон трансферите.

Наместо скапи и првокласни играчи, Јувентус реши да се сврти кон фудбалери чиј договор е истечен и тие се достапни без плаќање отштета. Тоа му помогна на клубот да обезбеди финансиска стабилност, но и го намали притисокот на играчите кои најчесто стануваат жртви на очекувањата базирани на висината на сумата платена за нив.

Благодарение на фантастичното финансиско работење на Јувентус во последната деценија, тие можеа да си дозволат мегатрансфери како оние на Кристијано Роналдо и Матијс Де Лигт (во најава), но тема на денешната статија не се тие, туку играчите кои „бјанконерите“ ги донесоа бесплатно, без да потрошат ниту еден цент за нивна отштета.

Дел од овие играчи дојдоа како млади и надежни таленти и израснаа во одлични фудбалери (Пол Погба, Кингсли Коман), други пак беа подзаборавени од големите клубови и добија шанса во Јувентус (Нето, Рето Зиглер), а трети дојдоа во Торино како веќе докажани ѕвезди подготвени за нов предизвик (Андреа Пирло, Дани Алвес, Арон Ремзи).

Оваа сезона Јувентус силно нападна на трансфер-пазарот, веќе договорајќи ги потписите на Арон Ремзи, Адријан Рабио, Лука Пелегрини, Мерих Демирал и секако, Џанлуиџи Буфон. А сепак, во моментов клубот остварува профит од 48 милиони евра само од овој преоден рок. Италијанците се мајстори за паметни трансфери, а Јувентус е на самиот врв на листата.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Фудбал

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more
 

Спорт

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе