Внимание: Есенскиот дожд е опасен за возачите

За возачите се најопасни наглите промени на условите за возење, односно кога после подолг сув период ќе почне постојано да паѓа дожд.

Најопасни се првите капки дожд кои се лоша комбинација со прашината.

Кога паѓа дожд, сообраќајот се одвива по влажни коловози и намалена видливост. „Ако ваквото време потрае уште неколку дена, потребно е да ги замените гумите“, вели директорот на Агенцијата за безбедност на сообраќај на Србија, Душко Пешиќ.

При вакви услови доаѓа до појава на аквапланинг. Аквапланингот е појава кога вашиот автомобил ќе налета на поголема количина вода и тркалата, односно гумите ќе изгубат директен контакт со подлогата – а во таква ситуација постои голем ризик. 

Тој вели дека основната препорака е да држите растојание и да биде минимално една третина од брзината во километри изразени во метри. „Значи, ако возите 100 км/час, 30 до 33 метри треба да изнесува растојанието меѓу возилото за да може да видите што прави возачот пред вас и да може да закочите. На влажните коловози освен што доаѓа до проклизување, потребно е и повеќе време да закочите и тоа треба да го знае секој возач“.

Додава дека и при појава на вода на коловозот може да дојде до губиток на стабилност и потребно е возачите постепено да ја намалуваат брзината.

Маглата исто така може да биде проблем бидејќи може да ја намали видливоста на само десет метри. Во таквите услови најважно е да се прилагоди брзината според условите на видливост и да се вклучат светлата за магла.

Тој додава дека доколку ваквото време потрае уште неколку дена, потребно е да се заменат гумите бидејќи кога температурата е пониска од 7 степени, летните гуми ги губат своите својства, мекоста и стануваат цврсти.

Во нашата држава, сè уште нема ваква препорака, но добро е да ги запомните горенаведените совети за да избегнете ризик на патот.

Погледнете го видеото во кое се објаснува што претставува аквапланинг:

Remote video URL
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Авто новости

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Read more

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Read more

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more
 

Автомобили

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе