Во Битола фестивал на староградска музика – Ех, таа серенада

Утрово, во свечената сала на Офицерскиот дом – КИЦ „Битола“ беше одржана прес-конференција по повод претстојното прво издание на фестивалот на староградската музика „Ех, таа серенада“ во Битола.

На конференцијата се обратија директорката на ЈОУ Културен и информативен центар „Битола“, Лили Бошевска, уметничкиот соработник и музички продуцент Миодраг Неќак и соработникот Тодор Ивановски.

Бошевска ги презентираше целосната идеја и концепцијата на фестивалот „Ех, таа серенада“, која значи навраќање на традициите карактеристични за конзулска Битола, на серенадата како музички жанр, како и за значењето на оваа манифестација за битолчани, за македонската музичка продукција, како и за огромниот интерес од граѓаните.

Миодраг Неќак, уметнички соработник и етаблиран музички продуцент, го објасни процесот на објавување конкурс, селектирање на конечните 16 мелодии, големиот интерес од автори и изведувачи, што претставува идна основа за следното фестивалско издание, како и детали за продукцијата и постпродукцијата на песните од фестивалот.

Тодор Ивановски во својство на лице одговорно за организација и туристичка промоција ја нагласи синтезата на културата и културното наследство, во кое секако припаѓа староградската песна, и Офицерскиот дом како интегрален дел од туристичката промоција на Битола.

Во рамките на предфестивалските промотивни активности за посетителите и туристите е достапно бесплатно возење со битолскиот пајтон во комплексот на Офицерскиот дом секоја вечер од 18:30 до 21:30 часот, што наиде на голем интерес од граѓаните и посетителите, информира организаторот.

За денеска се закажани тонска проба со изведувачите и техничките подготовки, а веќе за утре се финалните подготовки за фестивалот на староградска музика „Ех, таа серенада“. Фестивалот почнува утре во 21 часот, а влезниците се бесплатни. Оние граѓани што не набавиле влезници ќе бидат сместени во слободниот простор на платото, во рамките на просторните можности, информираат организаторите.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Култура

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Read more

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Read more

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе