Во Боцвана пронајден еден од најголемите дијаманти во светот

Еден од најголемите дијаманти во светот е пронајден во Боцвана. Станува збор за дијамант од 1.174 карати, пронајден минатиот месец.

Според канадската рударска компанија Lucara Diamond, која го пронашла, ова е втор по големина дијамант пронајден во Боцвана. Ова е и трет дијамант со повеќе од 1.000 карати што е најден во оваа област, а ќе стане дел од вредната колекција на дијаманти.

Минатиот месец во оваа земја беше пронајден дијамант од 1.098 карати за кој се верува дека е трет по големина во светот.

На презентацијата на еден од најголемите дијаманти во светот присуствуваше и претседателот на Боцвана, Мокгуееси Масиси. Извршниот директор на Lucara Diamond, Насим Лахри, рече дека пронајдокот е „нова историја“ и за нив и за Боцвана. Тој истакна дека станува збор за висококвалитетен дијамант.

Пред две години, истата рударска компанија пронајде дијамант од 1.758 карати во истата област на оваа африканска земја, за кој се претпоставува дека е втор по големина во светот. Најголемиот дијамант на светот е пронајден во 1905 година во Јужна Африка. Тоа бил дијамант од 3.106 карати, кој потоа бил исечен на помали парчиња. Некои од овие делови се дел од круната на британското кралско семејство, пишува CNN.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Чек дис аут

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Read more

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Read more

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Бургер на едноставен начин

Read more
 

Магазин

Шпанците се најдолговечна нација во ЕУ

Читај повеќе

Осум симптоми дека на телото му недостасува железо: Не ги игнорирајте!

Читај повеќе

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе