Во Челси и Ла Лига се најдобрите пеналџии од топ 5 лигите

Статистичкото истражување на CIES Football Observatory открива во кои лиги и клубови се кријат најдобрите изведувачи на ударите од белата точка во топ 5 лигите во светот, но и најлошите.

Бундеслига, Ла Лига, Лиг 1, Премиер лига и Серија А, тоа се петте најквалитетни фудбалски лиги во светот, сите од Стариот континент. Фудбалската опсерваторија при Меѓународниот центар за спортски истражувања (CIES) е независна групација формирана во 2005 година со седиште во Нешател, Швајцарија.

Нивното последно истражување опфати 35 европски лиги во последните три сезони (2017/18, 2018/19 и 2019/20), а ги истражуваше досудените пенали, односно бројот по лига и клуб, како и процентот на реализација.

Најдобри пеналџии има во Шпанија каде реализацијата е 79,2%, а најлоша во Франција со 74,5%.

Во просек најмногу пенали се судат во Италија каде на секои 249 минути судиите покажуваат на белата точка. Најтешко пенал паѓа во Англија, на секои 382 минути.

Најпрецизни пеналџии, пак, има во англискиот премиерлигаш Челси каде сите 12 досудени пенали биле реализирани. Стопроцентна реализација имаат и Маинц, Ајнтрахт и Барнли, но овие последните со само 4 досудени пенали.

Најмногу пенали во просек добивал Лацио, дури 31 на 102 натпревари, односно на секои 296 минути.

Со најлоши реализаторски способности се играчите на Њукасл со само 20% успешна реализација, односно само 1 од петте досудени пенали.

Најмалку пенали му судат на Барнли, по еден на секои 2.363 минути. Потоа следи Њукасл во 1.890, па Ајнтрахт со 1.103 минути.

Доколку ги земеме предвид сите 35 лиги врз кои е направено истражувањето, најуспешни пеналџии се во Хрватска со 81,9% успешност и за само 0,2% пред оние во Холандија.

По клубови, убедливо најдобар е лисабонски Спортинг на нашиот Стефан Ристовски. Од 28 досудени пенали, неговите соиграчи ги реализирале сите до последен. Многу клубови има со 100% реализација, но со статистика како Спортинг нема ни приближно.

реклама

Фудбал

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе