Роберт Ирвин, синот на славниот ловец на крокодили Стив Ирвин, наполни 16 години.
„Среќен роденден! Ти веќе постигна толку многу, од наградувани фотографии до глобално ширење на пораки за заштита на природата. Ти си воин на дивината“, му порачаа од Instagram профилот на Australia Zoo, кој го води неговото семејство.
Роденденот на Роберт е прославен како и што би се очекувало од синот на славниот Стив, со крокодили. Во зоолошката градина тој ги нахрани крокодилите пред очите на посетителите.
„Знаеш дека ќе ти биде супер роденденот кога ќе започнеш со хранење на крокодилите“, напиша симпатичниот Роберт на Instagram, каде го следат повеќе од 1,6 милиони луѓе.
За роденденот доби и торта во облик на нилски коњ.
Роберт имаше 3 години кога почина неговиот татко. Од него ја наследи љубовта кон животните, но и кон камерите.