Во Франција откриени траги од неандерталци стари 80.000 години

На бреговите на полуостровот Нормандија излегле на виделина траги од стапалки направени од неандерталците пред околу 80 илјади години, а она што ги збунува археолозите е нивната големина.

Новото откритие фрла сенка на претходните заклучоци за она што го знаеме за овие праисториски луѓе кои се роднини на модерниот човек.

Засилената ерозија поради честиот ветер и плимата во Нормандија изнесе на виделина 257 траги од стапалки стари илјадници години. Според проценките на археолозите, околу 13 различни луѓе од кои 90 отсто деца ги оставиле своите ножни отпечатоци во калта која потоа благодарение на нанесената песок ги сочувала до денес.

„Поради обликот на трагите, археолозите се сигурни дека стапалките се направени од неандерталците кои се разликуваат од модерните луѓе. Во тоа доба, тие биле единствен вид на луѓе во Европа. Модерниот човек се појавил 35 илјади години по периодот на кој му припаѓаат стапалките“, вели Жереми Диво, еден од истражувачите.

Она што е необично е големината на стапалките оставени од еден возрасен неандерталец кои индицираат дека бил висок околу 1,73 сантиметри, што е повеќе од досегашните заклучоци кои нивната височина ја сместија од 164 до 168 за машките неандерталци.

„Можеби едноставно токму тој неандерталец бил необично висок. Или можеби претходните истражувања околу просечната висина на овој вид на луѓе се погрешни“, збунет е и Диво.

реклама

Чек дис аут

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Бургер на едноставен начин

Read more

Скопски сеоски фудбал: Зајко пасе позади гол

Read more

Жена родена во 1922 не можела да резервира авионски билет оти било многу одамна, па ја запишале како бебе од 2022

Read more
 

Магазин

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Читај повеќе

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Читај повеќе

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Читај повеќе

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Читај повеќе