Во Грција до 16 март воведено поголемо ограничување на движењата

Од утре наутро, до 16 март, во Грција се воведуваат построги измени на актуелните мерки, со цел да се ограничи раздвиженоста на граѓаните и да се спречи дополнителното ширење на коронавирусот, а ќе бидат зголемени и контролите, соопшти попладнево заменик-министерот за цивилна заштита Никос Хардаљас, јави дописничката на МИА од Атина.

Грција е поделена во две зони: темноцрвена (многу зголемена опасност) и црвена (зголемена опасност), согласно епидемиолошката слика во секој од регионите.

Атика, Солун и уште 17 други региони се во темноцрвената зона, односно ниво на „многу зголемена опасност“, каде што полицискиот час е од 19 часот до 5 часот наутро, со исклучок на градовите Солун и Атина, каде што од понеделник до петок ќе биде од 21, а само за викендите од 19 часот, додека затворени се сите училишта.

Во црвената зона се останатите делови на Грција со полицискиот час од 21 часот, додека пак настава со физичко присуство следат учениците од основните и дел од средните училишта.

Во следните 12 дена, ќе важат нови правила во однос на смс пораките кои граѓаните, за време на карантинот ги користат за движење, избирајќи една од понудените шест опции.

Хардаљас соопшти дека измени има во опциите 2 и 3, што се однесуваат на продавници за храна (супермаркет, минимаркет и сл.) и банки, а дозволено ќе биде посета само во рамките на општината или до најмногу два километра оддалеченост од местото на живеење.

За опцијата 6, односно физичка активност, Хардаљас објасни дека се однесува на активности што се пеш или со велосипед, односно „никој нема да може да испрати смс порака со кодот 6 и да го земе автомобилот или моторот за да спортува или да го прошета миленичето во друг регион“.

Областа Атика, поширокиот регион Атина, иако веќе 20 дена е во строг карантин, сепак има зголемен број нови случаи и зголемен притисок врз здравствениот систем.

– Во Атика, притисокот врз здравствениот систем, повеќе не е црвен, туку е темноцрвен и затоа од степен на зголемена подготвеност во управувањето со кризата, поминуваме на ниво на спроведување на план за вонредни потреби, рече министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас и го соопшти владиниот план за зајакнување на болниците во конкретниот регион.

Неколку болници ќе се пренаменат исклучиво во ковид-клиники, една од воените болници во Атина и приватна клиника ќе бидат нонковид-болници.

Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 2.702, нови случаи на COVID-19, за што Кикиљас рече дека е негативен рекорд за 2021 година, а 1.270 од новозаразените се во областа Атика.

Регистрирани се и 40 смртни случаи, а 431 лице е приклучено на апарати на Одделите за интензивна нега.

Од почетокот на пандемијата во Грција има 197.279 потврдени случаи на COVID-19, а починаа 6.597 лица.

Во однос на процесот на имунизација, министерот за здравство на Грција рече утре ќе надминат еден милион вакцинации, но и соопшти дека се очекува наскоро Комисијата за имунизација да препорача вакцината на AstraZeneca да се користи и за лица постари од 65 години.

Грција од 7 ноември 2020 година е во карантин и со воведен полициски час, со исклучок на мали временски периоди кога постоеше олабавување на мерки, додека пак областа Атика, поширокиот регион на Атина во строг карантин е веќе 20 дена.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе