Во Јадранско Море имало цунами бран висок 10 метри

Океанографот Мирко Орлиќ смета дека Јадранското Море на многу начини не е во опасност од цунами, особено централниот и северниот дел на Јадранот. Но, таму имало драматични моменти во историјата.

Орлиќ во јавување во живо во програмата на хрватската N1 рече дека земјотресите како денешните, со јачина од 3 или 4 степени, не се невообичаени.

„Како што знаете, максималната магнитуда беше 5,5 и после тоа имаше последователни удари. Значи, ова е нешто што било забележано и претходно. Имаше многу посилни земјотреси, особено во јужниот дел на Јадранот, каде што магнитудата се искачи на 7 “, рече тој.

Орлиќ смета дека магнитуда како на денешните земјотреси е премала за дасе развие цунами:

„Штом магнитудата падне под 6, цунами веројатно нема да се случи. Постојат исклучителни случаи на одрон, па цунами, но тоа е исклучително ретко“.

„Јас и Мира Пасариќ работевме со колеги од Италија на каталог за цунамија што опфати околу 500 години наназад, и откривме 27 случаи на цунами во Јадранско Море во текот на тие 500 години“, рече тој.

Кога би дошло до цунами од хрватската страна, тој објасни дека хрватскиот брег ќе биде во многу подобра ситуација од италијанскиот.

„Најсилното цунами што го имаме во каталогот е она од 1627 година, што го погодило полуостровот Гаргано од италијанска страна, а висината на бранот била околу десет метри“, рече тој, додавајќи дека откриле колкав бил рекордот и на спротивната страна :

„Едно од најголемите цунами од наша страна е од времето на земјотресот во Дубровник од 1667 година. Тогаш висината на бранот била шест метри“.

„Островите штитат од бранови, има рефлексија и прекршување на тие бранови“, рече тој, давајќи друга причина зошто оваа страна на крајбрежјето е подобро заштитена.

„Имаме записи за цунами во последните 100 години. Најсилниот беше поврзан со црногорскиот земјотрес, познатиот од 1979 година. Тогаш висината на бранот беше околу половина метар, иако има индиции дека на некои места била многу поголема“, објасни Орлиќ.

Јосип Штипчевиќ, доктор по геофизика и сеизмологија, за појавата по земјотресот во Дубровник во 17 век смета дека „од записите не е јасно дали тоа навистина било цунами или некоја друга пропратна појава на земјотресот.“

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе