Јапонија одамна важи за технолошки најразвиена земја во светот. Нема што не е автоматизирано, а животот на луѓето драстичмно е олеснет, до тој степен што странците не знаат да се снајдат во Јапонија, иако сѐ е упростено.
За тоа говори и ова видео. Ова е апарат за точење пиво. Да, да, апарат за точење пиво. Кај нас изминативе години ги откривме апаратите за кафе, а Јапонциве очигледно се ниво погоре.
Си земаш кригла, стискаш копче, а машината ја навалува криглата под пивски агол, точи пиво, па потоа и пена за да биде комплет.