По дојавите за бомби во шест училишта во Кавадарци, евакуирана е и детска градинка бидејќи се наоѓа во непосредна близина на училиште во кое има дојава за бомба, пренесе Фокус.
Од СВР Велес велат дека во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.