Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 41 пациент, вкупно се лекуваат 476

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 41 пациент поради компликации од коронавирусот, соопшти Министерството за здравство.

Вкупно 476 лица сомнителни и потврдени за COVID-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 18 приеми и тоа еден пациент бил хоспитализран на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, четворица во ковид-центарот на Клниката за неврологија, еден болен е хоспитализиран на ОРЛ, тројца на Клиниката за дерматовенерологија и девет пациенти на Клиниката за гастроентерохепатологија. Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 11 нови приеми на пациенти, а 12 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 16 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 25 пациенти, на Клиниката за неврологија 33 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 51 пациент со симтоми на коронавирусот, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 25 пациенти, на Клиниката за очни болести 16 пациенти, а на ОРЛ 27 болни.

На Клиниката за гастроентерохепатологија лежат девет пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 108 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 151 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 31 пациент, од кои 8 деца и 23 возрасни. Вкупно 476 пациенти потврдени и сомнителни за COVID-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, изутрината до 8 часот имало 40-тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8 Септември“. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка, стои во соопштението.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе