Во Небрегово промовиран зборникот Поетски пораки за Конески, востановени и награди

Во родната куќа на великанот Блаже Конески во Небрегово, Фондацијата за македонски јазик „Небрегово“ денеска го промовираше зборникот песни насловен „Поетски пораки за Конески“.

Во зборникот се 174 прв пат објавени песни на ученици од основните, од средните училишта во земјава, од студенти и од професори. Конкурсот беше отворен лани по повод 100-годишнината од раѓањето на таткото на современиот македонски јазик, поетот, научникот, писателот, професорот Блаже Конески.

Фондацијата на 20 ученици чии песни се во Зборникот им додели награди со што ја промовираше и нововостановената награда која ќе стане традиционална. Наградени се: Благојче Ристески и Марија Сервини од Битола, Христијан Арсов, Елена Кузмановска и Матеја Николова од Велес, Елена Јандреоска и Ивана Богеска од Прилеп, Валерија Андоноска од Ропотово, Билјана Митреска, Ива Каимовска, Ведрана Петрова, Ана Петаноска и Анастасија Златковска од Скопје, Немања Јорданов од Стајковци, Рахмина Куртовска од Скудриње, Трајче Баисколиев од Колешино, Александра Манушева од Муртино, Исмаил Шасивари од Тетово и Ана Витанова Рингачева од Штип.

Секретарот на Фондацијата за македонски јазик „Небрегово“, професорот Атанас Конески,  во своето обраќање нагласи дека со младите поети се создава соѕвездие кое ѝ е потребно на големата ѕвезда на Конески.

– Колку повеќе се оддалечува со своето физичко присуство, толку повеќе Блаже Конески ни се приближува со својата духовна големина, како „златоврв“ над Небрегово со своето епохално дело. Ова е потврда дека Конески е ѕвезда што не згаснува, но нему му треба соѕвездие. Дел од ѕвездите на тоа соѕвездие се наградените ученици, нагласи Атанас Конески.

Рецензенти на зборникот се писателката Јагода Михајловска-Ѓеорѓиевска и публицистот Мишо Китаноски.

На свечената промоција на зборникот „Поетски пораки за Конески“ присуствуваа членовите на управниот одбор на Фондацијата, од Прилепскиот завод и музеј, наградените ученици и нивните ментори.

Конкурсот за најдобри творби за Конески станува традиционален и ќе се промовира, а наградите ќе се доделуваат на 7 септември, во пресрет на Денот на независноста. Веќе од утре, 8 септември, па до 19 декември годинава ќе трае новиот конкурс за поетски творби под наслов „Зборот на Конески“. Ќе се промовираат догодина на 7 септември во родната куќа на великанот Блаже Конески во Небрегово.

Творбите може да се испраќаат на електронската адреса: zborotnakoneski@gmail.com.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Култура

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Read more

Распишани конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“

Read more

По осми пат ќе се одржи Today It's All About Jazz во Скопје

Read more

Повик за учество на млади поети на „Отскочна даска #3“ во рамките на 4. Скопски поетски фестивал

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе