НХЛ ПЛЕЈ-ОФ 2022/2023

Во неверојатен натпревар со 12 гола Вегас стана шампион на НХЛ

Хокеарите на Вегас Голден Најтс се новите шампиони на НХЛ, за прв пат во својата кратка историја.

И покрај одличната серија на Флорида Пантерс во плеј-офот, кои исфрлија многу фаворизирани тимови, вклучувајќи го и најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната - Бостон Бруинс - не издржаа повеќе од пет натпревари против моќниот Вегас.

„Златните витези“ предводени од тренерот Басиди беа доминантни во текот на целиот плеј-оф, а ништо поразлично не беше и финалната серија во која победија со вкупни 4-1.

Во последниот петти натпревар ноќеска гледавме вистински спектакл со оглед на тоа што љубителите на хокејот имаа можност да видат дури 12 гола.

Вегас победи со убедливи 9:3, а пресврт беше вториот период, односно периодот од 31. до 40. минута во кој „Витезите“ постигнаа дури пет гола и поведоа со 6:1.

Најмногу се истакна Марк Стоун со вкупно три гола, по еден во секој период. За Вегас стрелаа и Николас Хаг, Алек Мартинес, Рајли Смит, Мајк Амадио, Иван Барбашев и Николас Рој, додека за поразениот тим погодија Арон Екблад, Сем Рајнхарт и Сем Бенет.

Remote video URL

На овој начин франшизата Голден Најтс испиша историја со стекнувањето на статусот „најмлад“ победник на Стенли купот во историјата на НХЛ. Имено, клубот од Невада постои само шест години.

URL

Вегас Голден Најтс е основан во 2017 година, а неговата прва натпреварувачка сезона беше 2018/2019 кога веднаш приреди сензација со пласманот во финалето, но тогаш налета на силниот Вашингтон Визардс и беше поразен. Наредната испаднаа во првото коло од плеј-офот, а во третата сезона стигна до полуфиналето. Минатата сезона не успеа ниту да се пласира во плеј-офот, па резултатот оваа сезона е навистина голем подвиг.

URL
URL
URL
URL
реклама

Останати спортови

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Read more

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Read more

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе