Во Полска откриени останки на осум илјади жртви на нацистичкиот терор

Околу 17,5 тони човечка пепел се откриени и ископани во близина на поранешен нацистички концентрационен логор во Полска, соопшти Полскиот институт за национално сеќавање (IPN), кој ги истражува нацистичките и комунистичките злосторства.

Остатоците се ископани во Илво Осада, во близина на местото на поранешниот концентрационен логор Дзиалдово (Солдау на германски), околу 150 километри северно од Варшава, кој бил изграден за време на нацистичката окупација на Полска во Втората светска војна.

Од инвазијата на Полска во септември 1939 година, логорот Солдау им служел на нацистите како место за транзит, затворање и истребување на политичките противници, особено на Евреите.

Некои го проценуваат бројот на убиени затвореници во тој логор на 30.000, но досега историските извори не можат со сигурност да го потврдат тоа.

Откривањето на таа локација „овозможува да се потврди дека таму загинале најмалку 8.000 луѓе“, рече Томаш Јанковски, обвинител на IPN.

Бројот е проценет според тежината на пронајдената пепел.

Во 1944 година, еврејските затвореници биле принудени да ги ексхумираат телата на убиените и да ги запалат за да ги уништат трагите на нацистичките злосторства.

„Ќе можеме да направиме ДНК анализи што ќе ни овозможат да дознаеме повеќе за идентитетот на жртвите“ слично на она што беше направено во поранешните кампови Собибор и Треблинка, рече Анджеј Осовски, научник по генетика од Медицинскиот универзитет во Померанија.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Свет

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Read more

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Read more

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Read more

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Читај повеќе

Од полноќ пониски цени на горивата

Читај повеќе

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Читај повеќе

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Читај повеќе

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Читај повеќе

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Читај повеќе

Ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Читај повеќе

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Читај повеќе

Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Читај повеќе