Во уличните немири во кои во Оукленд во Калифорнија учествуваа најмалку 7.500 демонстранти, синоќа загина еден полицаец, а друг е повреден, јави CNN.
Локалната полиција соопшти дека во тек е истрага за престрелката. Федералните објекти во Оукленд ги чуваат припадници на Федералната служба за безбедност.
Насилната смрт на Афроамериканецот Џорџ Флојд минатиот понеделник за време на полициска интервенција во Минеаполис, предизвика бран протести низ Америка.