Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (20.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 114 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 4 санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, 7 мерки за користење на мобилен телефон при управување…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.