Во Владата почна средбата Ковачевски-Мицкоски

Во Владата попладнево почна средбата на премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на која треба да се разговара за енергетската криза и за начините како да се ублажат последиците од неа.

Мицкоски пред средбата изјави дека како партија се подготвени да понудат решенија за тешката состојба во енегретиката и кризата што го погоди граѓаните.

– Самиот факт што денес само 500 семејства во Скопје се разбудија со топли радијатори е доволен доказ  дека работата не е сјајна, би рекол, катастрофална е. Цениме дека како ВМРО-ДПМНЕ во овие тешки моменти треба да се помогне. Тоа го правиме веќе две недели. Разговаравме и со коморите, разговаравме и со бизнисот. Нормално секојдневно комуницираме со граѓаните. Побаравме и официјална средба и еве конечно дали беше од суета или од други причини, вчера добивме потврден одговор од страна на Ковачевски дека ќе најде време да нѐ прими и ги слушне нашите предлози, нашиот концепт којшто не се однесува само за оваа есен и зима, туку се однесува и за следната година. Цениме дека во овие тешки моменти потребно е да помогнеме на граѓаните на Македонија, и тоа е момент кога треба да покажеме државност, а не да собираме политички поени. Тоа е суштината, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Прашан дали очекува нивните идеи да бидат земени предвид и што доколку не бидат прифатени, Мицкоски кажа дека тоа не зависи од нив.

– Ние сме опозиција, цениме дека имаме квалитетен предлог, одличен предлог којшто им се допадна претходно на коморите. Не гледам причина коморите тоа го прифатија, зошто Владата да не го прифати имајќи предвид дека нивниот капацитет е помал од страна на Владата од тој што е на коморите, изјави Мицкоски.

На средбата, покрај Мицкоски, присуствува и економски тим на партијата кој, според претходните најави од ВМРО-ДПМНЕ, ќе го презентира нивниот план за надминување на последиците од кризата.

Средбата доаѓа по неколкудневните несогласувања за евентуални разговори откако Мицкоски го повика Ковачевски на тв дуел. Вчера, Ковачевски го повика Мицкоски да присуствува на седницата на Економскиот совет на Владата закажана за среда, но Мицкоски ја одби поканата изјавувајќи дека не гледа потреба да присуствува на седница на Советот затоа што во него членуваат истите луѓе кои не ги решиле проблемите во ковид кризата.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе