Volkswagen Passat наполни 50 години, а наскоро ќе пристигне и новиот модел.

Volkswagen потврди дека името Passat ќе остане присутно, но исклучиво во Европа.
Како што претходно се шпекулираше, новата генерација на Passat (B9) ќе се нуди исклучиво во караван верзија, а тоа го потврди лично шефот на VW, Томас Шефер, за Automotive News Europe.
Побарувачката за класични деловни лимузини е драстично намалена, а во тој сегмент концернот ќе продолжи да нуди технолошки близнак од Škoda – моделот Superb.
Интересно е што Škoda беше одговорна за развојот на новиот Passat. Премиерата на Superb ќе се случи до крајот на годината, додека новиот Passat ќе можеме да го видиме веќе во септември.
Се чини дека Superb и/или Passat ќе имаат добри шанси да ги задржат титулите на најпродаваниот модел во сегментот.
Според достапните информации, новиот Passat ќе го преземе дизајнерскиот потпис на Golf 8, долната петта врата и, секако, дигиталниот кокпит во кабината со поголем вертикално ориентиран инфозабавен екран. Носителот на продажбата би можело да стане plug-in хибрид.
Passat и Superb ќе се произведуваат во Братислава.