Денеска се одигра вонредното 16-то коло во најдобрата македонска фудбалска лига, а само на еден натпревар немаше ни победник ни голови.
Славниот Вардар сѐ повеќе тоне откако и денеска натпреварот го заврши поразен. Бранителот на титулата, Струга, се покажа како невозможна мисија, па вардарци поразени со 3:1 го запишаа дури 10-триот пораз сезонава.
Кавадаречки Тиквеш беше убедлив на гостувањето во Охрид кај Воска Спорт, победувајќи со 3:0. На кавадарчани им олесни црвениот картон на домашниот офанзивец Јашароски во последните минути од првиот дел, но од претходно го имаа постигнато водечкиот гол.
Работнички и со новиот тренер пее иста песна. По ремито дома со Гостивар, сега загуби на гости акј Шкендија со 2:0.
Силекс е претендент за висок пласман, но никако да фати приклучок со водечкото трио. Поразот со минимални 1:0 кај Македонија ЃП е нов чекор назад за кратовчани.
АП Брера Струмица до 94. минута имаше вредни 3 бода од дуелот со штипска Брегалница, но не издржа, прими гол во последните моменти и повторно ги разочара струмичките навивачи.
Шкупи одигра без голови на гости кај Гостивар, со што ѝ дозволи на Шкендија бодовно да се израмни. Воедно, бидејќи Струга има натпревар помалку, со победа би можела да ја запоседне лидерската позиција. Меѓутоа, тој натпревар ќе се игра наредната среда, а измеѓу, викендов, има ново коло.
Резултати 16. коло:
АП Брера Струмица - Брегалница 1:1
44' Матеј Цветаноски - 90'+4 Роналдо Вебстер
Гостивар - Шкупи 0:0
Македонија ЃП - Силекс 1:0
83' Самир Фазли
Шкендија - Работнички 2:0
59' Аденис Шаља, 90'+2 Ералдо Чинари
Вардар - Струга 1:3
32' (п) Михајло Милосавиќ - 6' (п) Ванѓел Згуро, 8' Хадис Таири, 62' Басиру Компаоре
Воска Спорт - Тиквеш 0:3
27', 80' Иван Ивановски, 76' Едиз Спахиу
Црвен картон: 45'+2 Ален Јашароски (ВС)
Табела: